Скопје Општина Аеродром

Митески: Аеродром е отворена за нови соработки што придонесуваат за поквалитетно образование на нашите ученици

Изучувањето на странски јазици е важен дел од образованието, бидејќи им овозможува на младите да ги прошират своите знаења, да се запознаат со различни култури и да создадат нови можности за својата иднина, додаде Митески.

Митески: Аеродром е отворена за нови соработки што придонесуваат за поквалитетно образование на нашите ученици

Во Општината се одржа средба на директорот на Францускиот институт во Скопје, Грегоар Жислер, аташето за лингвистика во Институтот, Љупка Димова, како и советничката во Бирото за развој на образованието, Кети Димковска, со раководителот на Секторот за образование, Велимир Делетиќ, со директорите на училиштата и со професори по француски јазик.

На состанокот се разви конструктивна дискусија и се разменија идеи за можностите за воведување на францускиот јазик како слободен изборен предмет за учениците од петто одделение во основните училишта во општината, објави градоначалникот на општина Аеродром Дејан Митески.

Изучувањето на странски јазици е важен дел од образованието, бидејќи им овозможува на младите да ги прошират своите знаења, да се запознаат со различни култури и да создадат нови можности за својата иднина, додаде тој.

Општина Аеродром со внимание ја разгледува оваа иницијатива и останува посветена на создавање услови за поквалитетно и побогато образование за нашите ученици, објави градоначалникот на општина Аеродром Дејан Митески.

🤝📚 Општина Аеродром е отворена за нови соработки што придонесуваат за поквалитетно образование на нашите ученици.

Во…

Posted by Дејан Митески on Monday, March 2, 2026

To top