Република Општина Битола

Општина Битола со поддршка на спортски клубови во кои членуваат деца од ранливи категории

За оваа активност во програмата има вкупно средства во износ од 100.000,00 МКД.

Општина Битола со поддршка на спортски клубови во кои членуваат деца од ранливи категории

Предмет на Јавниот повик е финансиска поддршка на спортски клубови и спортски здруженија на територија на Општина Битола во кои членуваат деца од ранливи категории.

Под поимот деца од ранливи категории се опфатени:
– Деца со попреченост,
– Деца од семејства корисници на ГМП ( гарантирана минимална помош)

Спортски клубови и спортски здруженија ќе бидат поддржани со средства од Буџетот на Општина Битола за 2026 година согласно Програмата за активности во областа на спортот и младите во општина Битола за 2026 година. За оваа активност во програмата има вкупно средства во износ од 100.000,00 МКД.

Повикот се однесува исклучиво на деца кои се запишани и активно тренираат во клубот/здружението до денот на објавување на јавниот повик. Средствата ќе се реализираат најдоцна до 31 декември 2026 година.

Временскиот период за кој овој повик се однесува е Јануари – Декември 2026 година. Документацијата се доставува во архива или по пошта на адреса во рок од 10 работни дена од денот на објавување на овој повик заклучно со 13.03.2026.

To top