Иран објави видео на кое се гледаат, според нив, тунели за беспилотни летала на Револуционерната гарда, во кои се чува оружје што се користи во нападите врз американските бази во регионот.
Во видео објавено од иранската државна новинска агенција Фарс, може да се видат редови беспилотни летала наредени во подземен тунел или на ракетни лансери. На ѕидовите се наоѓаат иранското знаме и слики од покојниот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи.
Снимката покажува како ракети и беспилотни летала се лансираат од неколку области и пукаат кон она што Фарс го опиша како „американски бази“.
JUST IN: IRAN RELEASES VIDEO OF DRONE TUNNEL AND FIRING THEM AT U.S. BASES
“Wait again for the sound of the death knell.” pic.twitter.com/LjAugbfGzy
— Sulaiman Ahmed (@ShaykhSulaiman) March 2, 2026
Објавувањето на високопродуцираното видео е дел од пропагандната кампања на Иран по заедничките американско-израелски напади врз земјата.
Не е јасно кога или каде е направена снимката, ниту дали на неа се гледаат беспилотни летала и ракети што се користат во одговорот на Иран на заедничките американско-израелски напади.