Албанскиот премиер Еди Рама денеска го разреши генералниот директор на албанската полиција Илир Прода и директорот на управата на полицијата за Тирана, Елтон Аљуши.
Разрешувањето на двајцата високи полициски раководители според образложението е бидејќи” за протестите на опозицијата, посебно синоќешниот, не презеле соодветни мерки и не успале да го обезбедат јавениот ред и мир”.
Опозицијата наместо протест синоќа одржа неколку часовен марш во чиј тек учесниците фрлаа молотови коктели во контејнери за отпад уништувајќи најмалку педесетина, како и кон поранешната вила на комунистичкиот претседател Енвер Хоџа, сега културен центар, во чии простории имало и американски уметници.
На местото на Прода, кој на оваа функција беше назначен на 2 октомври 2024 година, привремено е поставен Сокол Бижга, кој од 2022 година ја извршуваше функцијата заменик-генерален директор на државната полиција.