Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, телефонски разговараше за американските и израелските напади врз Иран со катарскиот премиер и министер за надворешни работи, шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани, соопшти руското МНР.
Лавров и шеикот Мохамед повикаа на прекин на какви било воени дејствија што би можеле да го дестабилизираат регионот, се вели во соопштението.
„Постои општ консензус за потребата од итно враќање на политичкиот и дипломатскиот процес со цел решавање на сите прашања меѓу Соединетите Држави, Израел и Исламската Република Иран врз основа на принципите на Повелбата на ОН и Договорот за неширење на нуклеарно оружје“, соопшти руското Министерство за надворешни работи. (МИА)