Свет

Одложено извлекувањето на нуклеарниот отпад од Фукушима до март

Одложено извлекувањето на нуклеарниот отпад од Фукушима до март

Операторот на оштетената нуклеарна централа Фукушима денеска соопшти дека се откажал од планот до март да започне со отстранување на отпадот што содржи стопено нуклеарно гориво од реакторот број 2 поради технички тешкотии.

Според новиот план, „Токио електрик пауер компани холдингс Инк“ („Tokyo Electric Power Company Holdings Inc“) ќе го продолжи процесот на вадење нуклеарен отпад од „Фукушима Дачи“, чии реактори беа сериозно оштетени во земјотресот и цунамито во 2011 година, до октомври оваа година, пренесува јапонска новинска агенција.

Според ревидираниот план, нов метод кој вклучува употреба на телескопска цевка наместо роботска рака ќе се користи за извлекување на нуклеарниот отпад, додека не се добие одобрение од Агенцијата за нуклеарна регулација.

Најнови вести од Свет

To top