Сегашниот вицепремиер и минстер за транспорт Алексанадар Николоски, на возраст од 42 години, има кариера во политиката од 25 години. Почнувајќи од средношколските протести па се до денес. Тоа е една од најдолгите кариери во сегашната политика на било кој од актуелните политичари во владата или парламентот.
Присутен во медиумите и јавноста за политичките теми Николски никогаш досега не зборувал за својот приватен живот. За почетоците во кариерата, за семејството, за процесите и растењето на ВМРО ДПМНЕ за тоа време и своето политичко созревање во тој партиски процес.
Николски, кого јавноста го маркирала како воздржан и конкретен лик во политиката, без скандали и инциденти во минатото поради таа самоконтрола и инсистирање на прецизност често без причина е сметан за студен па и арогантен но, по овој настап јавноста ќе запознае карактер онаков каков што е приватно, со своите колеги, во приватниот живот и ќе дознае ставови за лични но, и битни политички прашања за кои досега не зборувал.
И, потоа, ќе биде јасно зошто и како е 25 години во политиката, и во врвот на партијата ВМРО ДПМНЕ речиси 20 години во континуитет. Секако, не без причина.