Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски информира дека е објавен јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Општина Гази Баба за вградување на уреди за течен гас/метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата за 2026 година.
-Општина Гази Баба ги повикува сите граѓани да аплицираат за субвенции за вградување уред на ТНГ, метан или друг вид алтернативно гориво во своето возило:
– Се покриваат до 50% од трошоците, но најмногу до 18.000 денари по возило.
– Се субвенционира едно возило по семејство.
– Повикот трае до 30.11.2026 или до исцрпување на средствата.
– Право на учество имаат жители на Општина Гази Баба кои поседуваат возило произведено по 01.01.2007 година и ќе вградат уред по објавување на повикот, потенцира во објавата Стефковски.
Аплицирањето се врши со доставување барање и потребната документација во затворен плик до Општината. Додека изборот се врши по принципот „прв дојден, прв услужен“.
– Возете поекономично. Заштитете ја животната средина. Искористете ја поддршката од вашата општина, додаде Стефковски во објавата.
Линк до јавниот повик.
✅ОБЈАВЕН ЈАВЕН ПОВИК за за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Општина Гази Баба за вградување на уреди за…
Posted by Бобан Стефковски on Friday, February 27, 2026