-Реализираме уште едно предизборно ветување, Советот на општина Ѓорче Петров донесе одлука со која директно инвестираме во младите!
Обезбедуваме субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, за млади лица од 18 до 25 години.
Ова не е само финансиска поддршка.
Ова е вложување во нивната самостојност, мобилност и сигурна иднина.
– Исполнуваме ветување
– Даваме конкретна помош
– Создаваме можности
Во време кога секој трошок е значаен, општината застанува рамо до рамо со младите.
Продолжуваме со политики што носат реална поддршка и вистинска грижа.
Ѓорче Петров инвестира во својата иднина – во младите!, пишува во својата објава Стојкоски.