Фудбал

Френки де Јонг ќе паузира еден месец поради повреда

Френки де Јонг ќе паузира еден месец поради повреда

Нов малер ја погоди соблекувалната на Барселона. Надвор од строј е Френки де Јонг, кој заработил повреда на задната ложа.

Првичните информации не се охрабрувачки – не станува збор за полесен проблем, а паузата би можела да трае околу еден месец.

Тоа значи дека холандскиот репрезентативец ќе пропушти серија клучни натпревари во најгустата фаза од сезоната.

Отсуството на Де Јонг претставува сериозен хендикеп за стратегот на каталонците. Барселона најверојатно ќе биде без него во осминафиналето од Лига на шампиони против Њукасл или Пари Сен Жермен.

Покрај европските обврски, Холанѓанецот ќе го пропушти и реваншот од полуфиналето во Куп на кралот против Атлетико Мадрид, како и важните првенствени дуели со Вилјареал, Атлетик Билбао и Севилја.

To top