Регион Грција

Папаставру по средбата со Бургум и Рајт во Вашингтон: Енергијата е сила на безбедност, развој и меѓународно влијание

Енергијата е сила. Сила на безбедноста, сила на развојот и на меѓународното влијание. Продолжуваме напред со национална гордост и самодоверба, истакна министерот за животна средина и енергетика на Грција Ставрос Папаставру по средбата во Вашингтон со американскиот секретар за внатрешни работи Даг Бургум и секретарот за енергетика Крис Рајт, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што информираа од Министерството за животна средина и енергетика на Грција, во фокусот на разговорите била блиската билатерална соработка во енергетиката, со акцентот на неодамнешните енергетски договори со Chevron – Helleniq Energy, како и договорите потпишани на P-TEC конференцијата во Атина, а на средбата присуствувале грчкиот амбасадор во САД Андонис Александридис и американската амбасадорка во Грција Кимберли Гилфојл.

– Средбата со министрите кои се на чело на Советот за енергетска безбедност на Соединетите Американски Држави, Даг Бургум и Крис Рајт ја потврди стратешката врска меѓу двете земји во областа на енергијата. Грција го отвори патот за Вертикалниот коридор – значајна иницијатива со геополитичко влијание, што беше препознаена и од 22-те земји што вчера учествуваа на конференцијата организирана од Белата куќа, рече Папаставру.

Додаде дека Грција денес е „влезна точка за американскиот природен гас и кредибилен центар на енергетска безбедност“, а во иднина има амбиција да го развие секторот на јаглеводороди и да произведува природен гас.

To top