Македонија

Снежна покривка од 88 сантиметри на Попова Шапка

Снежна покривка од 88 сантиметри на Попова Шапка

Минималните температури утринава се спуштија до -4 степени во Берово, -3 во Попова Шапка, -2 во Маврови Анови, Битола и Струмица, -1 во Скопје-Петровец, Охрид, Тетово, Крива Паланка и Крушево. Нула степени се измерени во Демир Капија, Претор, Прилеп, Велес и Пожаране, додека 2 степени во Ѓуриште, Виница, Кавадарци и Гевгелија. Најтопло утринава со 3 степени било во Куманово, Штип и Скопје-Зајчев Рид.

Како што информираа од Управата за хидрометеоролошки работи, на Попова Шапка е измерена и најголемата снежна покривка во земјава, која изнесува 88 сантиметри.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, особено претпладне. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.

Најнови вести од Македонија

To top