Свет Mировни напори

Американските и украинските претставници утре повторно ќе разговараат во Женева

Виткоф рече дека претходните разговори со Русија и Украина во голема мера го решиле прашањето за безбедносните гаранции за Украина по војната.

Американските и украинските претставници утре повторно ќе разговараат во Женева

Американските и украинските претставници утре ќе одржат нова рунда разговори во Женева, објави специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф.

Претставниците на Украина, Русија и САД на 17 и 18 февруари го завршија состанокот во Женева без напредок во територијалните прашања и за прекинот на огнот.

Виткоф изјави дека утре ќе биде во Женева со Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп и копретседател на американската делегација, за разговори со Иран.

Планирана е и средба со секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Рустем Умеров.

Зеленски денеска потврди дека украинската делегација ќе се сретне со претставниците на американскиот претседател Доналд Трамп пред трилатералните преговори со Русија, објавија американските медиуми.

-Рустем Умеров ќе разговара со американските пратеници Виткоф и Кушнер, рече Зеленски.

На заедничкиот состанок ќе бидат разгледани детали за можен план за повоена реконструкција на Украина и подготовките за претстојниот трилатерален состанок со московските претставници, рече Зеленски, додавајќи дека му наложил и на Умеров да разговара за можна размена на затвореници.

Виткоф рече дека претходните разговори со Русија и Украина во голема мера го решиле прашањето за безбедносните гаранции за Украина по војната.

Тој рече дека двете страни учествуваат во мировните напори и дека официјалните лица разговараат речиси секојдневно.

Вашингтон не врши притисок врз Украина да направи отстапки по која било точка од мировниот план, а Русите покажаа „одредена умереност“, рече Виткоф, зборувајќи на меѓународен форум на Фондацијата Виктор Пинчук во Киев. (МИА)

Најнови вести од Свет

To top