Македонија ИВАН ИСЦЕЛИТЕЛ И БАБА ДАРА ТРЛАЛе РАЦЕ...

ТРЕТ ДЕН пискотници од Бихаќка: Екс и актуелната врхушка на СДС на БАЈАЧКА ОД УПЛАВ од Груби?!

По кулоарите велат дека врхушката на СДС чекала на ред за бајачка од уплав од Груби. Дел кај Иван Исцелител, други кај Баба Дара. Редиците биле долги, исто како и сторениот криминал и злодејанија кон Македонија и македонскиот народ, подолги и до колоните запленета марихуана. Велат, се јавил и стопанот им Црпко од Дубаи, кој по вибер добил лукс-третман од Исцелителот, оти пустиот бил во работа во странство. Не, не дека не сме имале договор за екстрадиција со ОАЕ, никако. Венко, пак, кој никој во партија не го сметал за легитимен претседател, се’ уште чекал на ред.

ТРЕТ ДЕН пискотници од Бихаќка: Екс и актуелната врхушка на СДС на БАЈАЧКА ОД УПЛАВ од Груби?!

Трет ден како врхушката на СДС е во силен уплав од исказот на Артан Груби. Втора непроспиена ноќ по понеделничкото грубо-јавление на ликот кој го знае целиот 7-годишен валкан веш на раководството од Бихаќка. Наводно, употребата на дијазепами и хелекси била три пати над и онака ултра-употребата на овие антидепресиви кај македонското население, процент кој кај народот порасна во текот на нивното 7-годишно владеење. Не бадијала велат, кармата е кучка. Така би и со оние кои сопствениот народ, по сиот резил, затворања и нервози, го наведе на мега-консумација на овие апови со розов рецепт.

Ударна пушка деновиве им се Богданка и Саша, единствените за кои Артан не знаел ништо криминогено, па не се плашеле дека ќе им врати. Од Венко немало ни абер, а Саша, никој и онака не го знаел по ништо, не па по лошо. Денеска на смена била Богданка, која со силен трепет и емпатија заради црнилата кои ги навасале ликовите од „руководството“ на партијата во стечај, со мака бекнала:

„Политичкиот дил ВМРО-ДУИ со Груби веќе на сите им è јасен, граѓаните знаат што се случува.
 
Разоткриенo е секое делче од ова договорено сценарио.
Сè е јасно, сè е договорено, смислено сценарио.
Можеби ваквите сценарија им поминуваа со години наназад, но повеќе не поминуваат – разоткриени се.
Граѓаните гледаат и знаат сè.
Одговорност ќе има!“ срочи Богранка во копи-пејст со вчерашните соопштенија „нов“ исказ.
И ќорава кокошка ќе клукне некое зрно, така и СДС еднаш годишно ќе каже вистина. Почесто и поретко од тоа. Поради Фројдовиот комплекс, не дека навистина сакале, ова случајно го „убодеа“: „Граѓаните гледаат и знаат сè. Одговорност ќе има!“
Дефинитивно, граѓаните одамна знат се’ за вашите криминали и понижување на државата. Уште подефинитивно, одговорност ќе има.
По кулоарите велат дека врхушката на СДС чекала на ред за бајачка од уплав од Груби. Дел кај Иван Исцелител, други кај Баба Дара. Редиците биле долги, исто како и сторениот криминал и злодејанија кон Македонија и македонскиот народ, подолги и до колоните запленета марихуана. Велат, се јавил и стопанот им Црпко од Дубаи, кој по вибер добил лукс-третман од Исцелителот, оти пустиот бил во работа во странство. Не, не дека не сме имале договор за екстрадиција со ОАЕ, никако. Венко, пак, кој никој во партија не го сметал за легитимен претседател, се’ уште чекал на ред. Прекутрупа кај Дара и Иван му влетале Фани, Ана, Шмрчко и кој ли не од ИО на СДС. Се влегувало според тежината на гревот и криминалот, а „новајлииите“ биле најчисти. Оти немале шанса да се искаљаат и да бидат на власт. Затоа, немале од што да се плашат од Артан. Бајачката за оние кои ја „вкусија“ власта во 7-те години аздис била бајаги подолга. а тоа, зад нив трпеливо чекале Оливер, Фрчко, Андреј, Љупче, Таче, Цаци, Тренка, Бифтекчиќ и цела една армија искаљани екс функционери и амбасадорчиња, загриженковци од она што ќе го „рекне“ Артан за врхушката.

 

Најнови вести од Македонија

To top