Музика Колку љубов заслужува љубовта?

Сара Мејс и Стефан Николовски во дуел со стереотипите во нов видео запис

Визуелната и сликовита борба на Мејс и Николовски, сликовито го доловува значењето на песната и видео записот, преку женската реалистична перспектива дека и 1001 „те сакам“ не се доволни, доколку не постои искрена и автентична љубов зад истите, доволно вредна и безвременска – нешто многу повеќе од обична трансакција.

Сара Мејс и Стефан Николовски во дуел со стереотипите во нов видео запис

Доколку сте мислеле дека не постои, Сара Мејс храбро го претставува најновиот дуел на нашето доба – борбата на половите со ронките љубов. Како и секогаш, македонската пејачка и авторка, во видео записот за песната „Не ме сакаш“, без контекстуални филтри ја изненадува јавноста со трансформативен пристап кон значењето на можеби најлесно користената фраза во светот, „те сакам“.

Во видео записот, под палката на креативниот Дениз Абдула, Сара Мејс заедно со македонскиот актер Стефан Николовски, преку „заразен танцов ритам“, буквално се бори со општествените стереотипи за како се етикетира љубовта во нашето поднебје. Дали е доволен само еден клик љубов или нешто многу повеќе, нешто многу поинакво? На кој начин споделуваме чувства, за каква љубов сонуваме, и дали воопшто се бориме за истата, е сржта на впечатливата и моќна порака која ја пренесува Сара. Со уметничката приказна на „магичното брашно“, Сара ја враќа љубовта во својот живот на начин на кој таа искрено посакува.

ПР Сара Мејс

Визуелната и сликовита борба на Мејс и Николовски, сликовито го доловува значењето на песната и видео записот, преку женската реалистична перспектива дека и 1001 „те сакам“ не се доволни, доколку не постои искрена и автентична љубов зад истите, доволно вредна и безвременска – нешто многу повеќе од обична трансакција.

Музиката и текстот за „Не ме сакаш“ се авторско дело на Сара Мејс, а зад аранжманот се потпишува познатиот музичар Роберт Билбилов. Режијата е на Дениз Абдула, директор на фотографија е Димитар Атанасоски, а зад монтажата се потпишува Дејан Трпчевски.

Видео записот веќе е достапен на официјалниот YouTube канал на Сара Мејс.

To top