Фудбал ФФМ

Росети: Македонските фудбалски судии напредуваат и се физички подготвени на врвно ниво

Подобрувања има во многу сегменти на судењето. Пред сè, сега тренираат и се физички подготвени на врвно ниво. Многу се поподготвени отколку порано. Оваа сезона започнаа да го користат и ВАР-системот, што е одлично. Тоа е добро за фудбалот, добро е за нив и сега ќе се навикнат на неговата употреба. Тие работат многу сериозно и навистина се надевам дека во иднина ќе видиме квалитетни кадри во нашите врвни натпреварувања, изјави Росети.

Росети: Македонските фудбалски судии напредуваат и се физички подготвени на врвно ниво

Првиот човек на судиската комисија на УЕФА, Роберто Росети, испрати охрабрувачки пораки за развојот на македонските фудбалски судии. Тој беше во посетата на Фудбалска федерација на Македонија, и истакна дека напредокот е очигледен, како во физичката подготвеност, така и во професионалниот пристап и користењето на ВАР-технологијата. Росети потенцираше дека УЕФА внимателно следи неколку македонски судии и дека можноста за делегирање на големи европски натпреварувања е реална, но зависи од нивната посветеност, став и континуирана работа.

–  Знаете, суштината е во квалитетот. Потребни ни се квалитетни судии од секаде, од сите европски земји. Една од причините за мојата посета е токму тоа да им го пренесам како повратна информација. Тие мора да веруваат дека во врвните натпреварувања ангажираме судии од цела Европа, вклучително и од фудбалски помалите земји. Македонските судии напредуваат. Следиме неколку судии од Македонија и ги очекуваме. Нашата врата е целосно отворена и навистина се надевам дека оваа посета ќе им биде поддршка за да го направат тој дополнителен чекор во блиска иднина. Подобрувања има во многу сегменти на судењето. Пред сè, сега тренираат и се физички подготвени на врвно ниво. Многу се поподготвени отколку порано. Оваа сезона започнаа да го користат и ВАР-системот, што е одлично. Тоа е добро за фудбалот, добро е за нив и сега ќе се навикнат на неговата употреба. Тие работат многу сериозно и навистина се надевам дека во иднина ќе видиме квалитетни кадри во нашите врвни натпреварувања, изјави Росети.

Росети во Скопје одржа напреден едукативен семинар за судиите и асистентите судии од Прва МФЛ, како и свечена церемонија за доделување на ФИФА амблемите за македонските интернационални судии за 2026 година.(МИА)

To top