Фудбалерот на Атлетико Мадрид Антоан Гризман е многу блиску до заминување од клубот.
Неговата следна станица треба да биде САД, односно тимот на Орландо. Челниците на клубот од МЛС шампионатот се многу блиску до договор со искусниот француски напаѓач. Се очекува Гризман во наредните неколку дена да го напушти Мадрид и да се приклучи на својот нов клуб.
Поголемиот дел од кариерата Гризман ја помина во дресот на Атлетико Мадрид и е вистинска икона на клубот. Меѓу Јорганџиите дојде во 2014 година и помина пет години, пред да направи трансфер во Барселона.
Вкупно во дресот на Атлетико, Гризман има одиграно 480 натпревари, а неговиот биланс е 210 голови и 95 асистенции. Сепак, многу веројатно е дека ерата на овој фудбалер во Атлетико дојде до крајот.