Познати

Ѕвездата на Онлифенс е бремена откако имала незаштитен секс со 400 мажи, се’ објави во видео

Ѕвездата на Онлифенс е бремена откако имала незаштитен секс со 400 мажи, се’ објави во видео

Креаторката на содржини за возрасни Бони Блу објави дека е бремена неколку недели откако имала незаштитен секс со околу 400 мажи.

Во видео објавено на нејзиниот ЈуТјуб канал во неделата, Блу ги опиша симптомите што ја наведоа да поверува дека е бремена.

Screenshot / Youtube

– Ми беше тешко, имав силни главоболки, а кога велам главоболки, мислам на мега мигрена. Некои оброци ме тераа да ги јадам, а од некои оброци ќе ми се слошеше, вели Бони.

Откако нарави тест за бременост, на кој се покажала бледо розова црта, Бони отишла на преглед.

По направеното ехо, докторот ја потврдил нејзината бременост.

„О, дали е бебе? Ова е лудо“, додаде таа.

Блу стана позната по тоа што имаше незаштитен секс со околу 400 мажи. Претходниот рекорд наводно го држела Аријана Џоли во 2004 година со 65 мажи.

Кога ја прашале како би се справила со потенцијална бременост, Блу за „Us Weekly“ изјавила:

– Тоа е проблем за друг ден.

Таа исто така рекла дека ќе ги информира сите мажи со кои спиела и ќе разговара со нив доколку бременоста биде потврдена.

Дел од коменатрите под видеото упатуваат на тоа дека снимката е само трик за повеќе прегледи, како и дека докторот е лажен.

Најнови вести од Познати

To top