Преку Фондот за градски експерименти, преку зелена и дигитална трансформација, Кавадарци ќе го претвора винскиот отпад во нови производи, ќе промовира циркуларна економија и гради екотуристичка понуда, која ќе ги поврзува винарниците, културните знаменитости и стопанствата. Ова го истакна денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев на работилница во Кавадарци.
– Нашата општина е пример како локалните заедници може да создаваат одржливи и иновативни решенија. Кавадарци, иако е потврдена винска туристичка дестинација во Македонија, сепак досега отсуствуваше стратешко планирање за развојот на туризмот – рече Јанчев во рамките на денешниот настан, работилница за финална валидација: Стратегија за екотуризам за општина Кавадарци и посета на Кавадаречкиот дол во организација на УНДП.
Стратегијата како финален документ, ќе биде дадена на усвојување на Советот на Општината на првата наредна седница. Голем дел од планираните активности ќе се реализираат до крајот на мојот ма
Патем, додаде дека во рамките на овој проект веќе се организираа низа работилници и консултативни сесии со заедницата и приватниот сектор, како и анализи и сесии со сите засегнати страни за идентификација на приоритетите, со цел да се изгради заедничка стратегија, што е резултат на инклузивен процес.
Овие активности, истакна тој, ќе овозможат создавање нови работни места и ќе ги зголемат туристичката понуда и долготрајноста на посетите.
– Денес, имаме чест да ја презентираме финалната верзија на стратегијата, која е достапна за сите присутни медиуми и заинтересирани страни. Ова е уникатна можност за сите да се запознаеме со она што заеднички го креиравме благодарение на досегашната работа, како и со визијата за развој на Кавадарци како зелена, одржлива и иновативна дестинација. Стратегијата како финален документ ќе биде дадена на усвојување на Советот на Општината на првата наредна седница. Голем дел од планираните активности ќе се реализира до крајот на мојот мандат – истакна Јанчев.
Постојаниот претставник на УНДП во земјата, Армен Григоријан, изрази задоволство што е на настанот во Кавадарци и ја нагласи добрата соработка што, како што нагласи, ќе продолжи и во иднина.
– Последниве три години УНДП работи неколку проекти заедно со Општина Кавадарци. Нивната вредност изнесува над петстотини илјади американски долари. Тоа е добро првин за жителите, а потоа и за посетителите, како и за инвеститорите. Ова е стратегија за развој на Кавадарци како одржлива екотуристичка дестинација – истакна тој.
Стратегијата како финален документ, ќе биде дадена на усвојување на Советот на Општината на првата наредна седница. Голем дел од планираните активности ќе се реализираат до крајот на мојот ма
Тодор Ефремов, секретар во Општината, рече дека денешниот настан претставува значаен чекор во процесот на обликување одржлива и иновативна иднина за Кавадарци.
– Оваа стратегија е развиена во рамките на City Experiment Fund (CEF), регионална иницијатива, која е дел од Словачкиот трансформациски фонд и е финансирана од Министерството за финансии на Словачка. Преку оваа иницијатива УНДП ги поддржува локалните самоуправи во справување со комплексни урбани предизвици применувајќи стратешка иновација и системско размислување – додаде Ефремов. (МИА)