Свет Тришули

Автобус падна во река во Непал, најмалку 18 загинати

Автобусот паднал во реката кај Чинадара во близина на Чараунди, во третата населба на руралната општина Бенигат Роранг, околу 1:15 часот наутро.

Автобус падна во река во Непал, најмалку 18 загинати

Најмалку 18 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Непал, која се случи кога автобус, кој патувал од Покара до Катманду, излетал од патот и паднал во реката Тришули, изјави денеска началникот на окружната сообраќајна полиција, Дадинг Шишир Тапа.

Автобусот паднал во реката кај Чинадара во близина на Чараунди, во третата населба на руралната општина Бенигат Роранг, околу 1:15 часот наутро.

Претседателот на Комитетот за спасување на автопати, Раџкумар Такури, изјави дека 25 повредени патници се однесени во локалните болници.

Во автобусот имало повеќе од 35 патници. Припадници на непалската армија, вооружените полициски сили, непалската полиција и локалните жители учествуваат во спасувачката операција. (МИА)

To top