Познати се тепаа за денар повеќе

ВИДЕО: Инфлуенсер фрли 10.000 евра од балкон на улица во Виена, стотици луѓе се туркаа да фатат некоја пара

Неверојатни сцени се одвиваа на виенската улица „Маријахилферштрасе“, каде што стотици млади луѓе се собраа додека банкноти паѓаа од балкон, пишуваат германските медиуми.

Инфлуенсерот Максимилијан Вајсенбек, познат како МаксаМилион, фрли 10.000 евра од својот балкон, по што ситуацијата целосно излезе од контрола. И покрај студот, толпата се фрли кон банкнотите кои се вееја на земјата. За краток временски период, „Маријахилферштрасе“ се претвори во место каде што беше тешко да се одржи редот и видливоста на ситуацијата.

Позадината на целиот настан е промоцијата на компанијата на Вајсенбек. Тој веќе некое време води кампања во која им дава 10 евра на сите што ја следат неговата страница на социјалните мрежи. Тој тврди дека благодарение на ваквите акции, во последните неколку недели привлекол околу 30.000 нови следбеници.

Ова не е првпат Вајсенбек да привлече внимание од јавноста. Тој неодамна се појави и на Виенскиот оперски бал, каде што неговата придружничка носеше фустан целосно украсен со банкноти од 10 евра.

View this post on Instagram

A post shared by MaxaMillion (@maxobeyme)

To top