Полициски службеници вчеравечер во 23 часот лишија од слобода 16- годишно малолетно лице од с. Слатино на локелане пат кон селоѕо Сетоље.
-При сообраќајна контрола било констатирано дека истиот управувал возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски таблички, без возачка дозвола. Претходно во с. Непроштено, истиот при обид за контрола од полициски службеници од ПО Теарце, со голема брзина удрил во електричен ормар на ЕВН и се обидел да ги прегази полициските службеници, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот согласно член 297-а и член 288 од КЗ.
Тој е задржан во полициска станица со се возилото и по документирање на случајот ќе биде изготвен соодветен поднесок.