Фудбал

Роналдо има 500 гола откако наполни 30 години

Роналдо има 500 гола откако наполни 30 години

Кристијано Роналдо го постигна својот 25-ти гол оваа сезона.

Напаѓачот на саудискиот клуб постигна гол во 13-тата минута од натпреварот против Ал-Хазем во 23-то коло од првенството на Саудиска Арабија.

Португалецот сега има 19 гола во 20 лигашки натпревари.

Во сите натпреварувања, Роналдо постигна 25 гола во 29 натпревари за Ал-Наср и Португалија. Роналдо исто така стигна до бројката од 500 гола откако наполни 30 години.

41-годишниот напаѓач на Ал-Наср веќе запиша 963 гола во кариерата.

To top