Со одлична динамика се одвиваат градежните работи за изградба на автопатот Гостивар-Букојчани кој е дел од Коридорот 8. Овој автопат од едната страна ќе се поврзе со автопатот од Гостивар до Тетово, а во долната страна треба да се поврзе со автопатот кој ќе се гради од Букојчани до Кичево.
Увид во градежните работи денеска извршија премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Како што истакна Николоски, согласно силната динамика за изградба на терен, со крајот на 2029 година овој автопат ќе биде завршен.
Мицкоски посочи дека Владата е целосно посветена на изградба на ваков тип на инфраструктура бидејќи поврзувањето, а и самата географска местоположба на државата треба да се искористи како предност, да се биде раскрсница во регионот е стратешка предност.

-Ние сме дел од НАТО Алијансата и на ова начин на реализирање на овие коридори се подобрува отпорноста и безбедноста во регионот, но и на Јужното крило на НАТО алијансата, посочи Мицкоски.


