Свет инвестиција

Петте најголеми европски одбранбени сили заеднички инвестираат во воени дронови

Пет најголеми одбранбени сили во Европа се подготвуваат да објават план за инвестирање во воени дронови како дел од пошироките напори за зајакнување на одбранбената индустрија соочена со руската инвазија на Украина и загриженоста за посветеноста на Америка кон НАТО.

Петте најголеми европски одбранбени сили заеднички инвестираат во воени дронови

Пет најголеми одбранбени сили во Европа се подготвуваат да објават план за инвестирање во воени дронови како дел од пошироките напори за зајакнување на одбранбената индустрија соочена со руската инвазија на Украина и загриженоста за посветеноста на Америка кон НАТО.

Според документ во кој увид имала агенцијата Ројтерс и според извор од полското Министерство за одбрана, петте земји сакаат да соработуваат во развојот на автономни дронови. Војната во Украина покажа дека автономните дронови-пресретнувачи можат да обезбедат ефикасна алтернатива на скапите ракети за противвоздушна одбрана, а европските сојузници на Киев сакаат да учат од тоа искуство.

Групата од пет европски министри за одбрана, која утре ќе се сретне во Краков, Полска, ги собира земјите со најголеми воени трошоци на континентот: Франција, Германија, Италија, Полска и Велика Британија.

Во документот, чија содржина сè уште е предмет на промена, се наведува дека министрите „поддржуваат реално зголемување на производствениот капацитет на европската одбранбена индустриска база“ и „ја поздравуваат посветеноста на ЕУ да им обезбеди на земјите-членки поголема фискална флексибилност за трошење за одбрана и создавање инструменти за кредитирање“.

Сепак, се наведува дека улогата на ЕУ е да ги поддржува одбранбените капацитети што остануваат на национално ниво. Министрите, исто така, се обврзуваат на соработка во рамките на НАТО и ЕУ за справување со руските хибридни закани и да продолжат да ја поддржуваат Украина и напорите за наоѓање мир, се наведува во заедничката изјава.

„Се согласивме да започнеме иницијатива за корисни ефектори и автономни платформи (LEAP)“, се наведува во документот. Се додава дека целта е да се „зголеми нашата соработка за развој и набавка на поволни ефектори и автономни платформи за постигнување воен ефект“.

Во воената терминологија, „ефектори“ се системски компоненти што произведуваат физички ефект, додека „автономни платформи“ се беспилотни системи способни за самостојно донесување одлуки.

To top