Познати Скандали и обвинувања

Од врвот до дното: Беше најголем заводник и најплатен актер, а денес Чарли Шин е болен, без пари и сам

Поранешниот миленик на публиката, кој заработувал милиони и живеел живот без сопирачки, денес е пример за тоа како славата, парите и пороците можат скапо да чинат. Неговата животна приказна е секако една од најконтроверзните во Холивуд.

Од врвот до дното: Беше најголем заводник и најплатен актер, а денес Чарли Шин е болен, без пари и сам

Популарниот американски актер Чарли Шин некогаш беше една од најголемите ѕвезди на Холивуд, а денес неговото име често се поврзува со скандали, неуспешни бракови и борба со сериозна болест. Во едно интервју, тој го опиша својот живот во три збора: дрога, секс и алкохол.

Најголема слава стекна во серијата „Два ипол мажи“, благодарение на која беше најплатен телевизиски актер од 2003 до 2011 година, со хонорар од 1,8 милиони долари по епизода.

Неговиот приватен живот, сепак, беше исто толку бурен како и ликот што го портретираше.

Три бракови и бурни разводи

Чарли Шин е татко на пет деца, а првото дете го доби во средно училиште. Се женеше три пати, но ниту еден од браковите не преживеа. Неговата најпозната врска е со актерката Дениз Ричардс, со која има две ќерки.

Нивниот развод беше исклучително бурен, проследен со обвинувања, тужби и барања за забрана за пристап. Иако подоцна успеаја да ги поправат односите, тој период остави длабока трага. Неговиот трет брак со Брук Милер му донесе близнаци, но и тој однос се распадна по три години.

Скандали и обвинувања

Низ годините, Чарли Шин е познат по своите пороци, разврат и авантури за една ноќ. Сам тврдеше дека бил со повеќе од 5.000 жени, од кои многумина тој ги плаќал. Неговото име беше поврзано со бројни љубовни врски, коцкање, дрога, вклучувајќи сериозни обвинувања што тој ги негираше.

Тешка дијагноза

Пред девет години, тој јавно призна дека е ХИВ позитивен, иако болеста му била дијагностицирана четири години претходно. Тој откри дека долго време ја криел својата болест и се соочил со тужби затоа што не им кажал веднаш на некои од своите партнерки за неговата здравствена состојба.

Поранешниот миленик на публиката, кој заработувал милиони и живеел живот без сопирачки, денес е пример за тоа како славата, парите и пороците можат скапо да чинат. Неговата животна приказна е секако една од најконтроверзните во Холивуд.

To top