Фудбал

Ливерпул ќе се обиде да го доведе Родриго!

Ливерпул ќе се обиде да го доведе Родриго!

Мохамед Салах ги игра последните месеци во дресот на Ливерпул.

Тој  ќе си замине по девет години и ќе ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија, во тимот на Ал-Итихад.

Управата на „Црвените“ секако дека бара замена за египетската легенда меѓу кои е и Бразилецот Родриго.

Трансферот на Родриго не би требало да биде голем проблем за „Црвените“. Неговата пазарна цена е 60 милиони евра, а таквите бројки се ситница за богатите англиски клубови.

Бразилецот е врзан со Реал Мадрид со договор до летото 2028 година. Тој сакаше да остане во претходниот период, но бидејќи често е во втор план, нема да биде изненадување ако на крајот одлучи да го напушти Бернабеу.

To top