Ракомет

РК Вардар ги пушти во продажба билетите за дуелот со Мелгунген

РК Вардар ги пушти во продажба билетите за дуелот со Мелгунген

Македонскиот вице-првак Вардар ја започна главната фаза во ракометната Лига Европа со пораз од Бемфика. Сега тимот се подготвува за нови предизвици на домашна сцена и во Европа.

Во сабота за цевено-црните следи дерби во македонската Суперлига против амбициозниот Алкалоид. Потоа Вардар ќе го пречека германскиот Мелсунген во Скопје.

Билетите за овој спектакл се веќе пуштени во продажба. Најевтините билети чинат 250 денари и се достапни во повеќе блокови. Цените по блокови се движат од 250 до 400 денари во зависност од трибината.

Продажбата се врши преку онлајн платформата www.ticketx.com.mk и на билетарницата. Работно време на билетарницата е секој работен ден од 10 до 18 часот.

Очекувањата се големи, а атмосферата во „Јане Сандански“ ветува вистински ракометен празник.

Вардар има потреба од силна поддршка за дуелот со германскиот противник. Овој натпревар е клучен за амбициите во Лига Европа.

To top