Храна и Пијалаци

Омилена опција за ручек или вечера: Подгответе пилешко во сос од печурки

Омилена опција за ручек или вечера: Подгответе пилешко во сос од печурки

Пилешкото во сос од печурки е една од омилените опции за ручек или вечера, а благодарение на едноставниот рецепт, лесно можете да го подготвите ова јадење.

Потребни ви се неколку состојки за да го подготвите ова јадење, а по само неколку минути ќе го имате највкусниот ручек.

Состојки:

500 грама пилешки гради, 200 грама печурки, еден кромид, две лажици маслиново масло, 150 милилитри павлака за готвење, една лажица сенф, сок и рендана кора од еден лимон, сол и бибер по желба, свеж магдонос за наросување.

Подготовка:

Исечете ги пилешките гради на ленти или коцки, потоа додадете сол и бибер. Исечете ги печурките и додадете го ситно исечканиот кромид. Загрејте го маслиновото масло во тава и кратко пржете го пилешкото додека не порумени, а потоа тргнете го од страна. Во истата тава, пржете го кромидот додека не омекне и додадете ги печурките, кои се препорачува да се пржат пет до седум минути.

Вратете го пилешкото во тавата, додадете го сенфот, павлаката и сокот од лимон, измешајте и гответе пет до седум минути додека сосот не стане кремаст и пилешкото не е целосно сварено. Сервирајте го јадењето веднаш, наросено со свеж магдонос.

To top