Македонија средба

Милошоски-Миљаниќ: Заемно унапредување на политичкиот дијалог и соработката

Соговорниците, како што соопшти собраниската прес-служба, ја истакнале важноста од понатамошно унапредување на политичкиот дијалог и интензивирање на соработката во области од заемен интерес.

Милошоски-Миљаниќ: Заемно унапредување на политичкиот дијалог и соработката

Пријателските македонско-црногорски односи помеѓу двете држави кои се базирани на традиционално пријателство, долгогодишна конструктивна соработка и меѓусебна поддршка, биле потврдени на денешната средба на потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски со амбасадорот на Република Црна Гора, Зоран Миљаниќ.

Соговорниците, како што соопшти собраниската прес-служба, ја истакнале важноста од понатамошно унапредување на политичкиот дијалог и интензивирање на соработката во области од заемен интерес.

На средбата била потенцирана заедничката заложба на земјите кон полноправно членство во Европската Унија, како и подготвеноста за продлабочување на парламентарната соработка и размена на искуства во насока на спроведување на реформските процеси.

Најнови вести од Македонија

To top