Никола Николовски познат како Томба има потреба од хуманоста на македонските граѓани. Тој треба да се врати дома, откако веќе пет месеци се лекува во болница во Малта.
Таму, за жал, Томба има доживеано мозочно крварење, предизвикано од руптура на крвен сад.
Заминал во Малта за таму да работи, но завршил хоспитализиран откако му се влошила здравствената состојба. Пред него е долг процес на рехабилитација.
Семејството објави апел на социјалните мрежи каде наведува дека за да може закрепнувањето да го продолжи дома, со своите најблиски, потребен е медицински авионски транспорт до Македонија. Трошокот за ваквиот превоз изнесува 27.000 евра, сума која, како што се наведува, семејството не може самостојно да ја обезбеди.
Засега само преку сметка, а наскоро се очекува да има и можност за донација преку телефонски броеви. Еве како можете да донирате:
