Скопје ОТЧЕТ

Митески: Аеродром по 100 дена – конкретни проекти, видливи резултати и јасна насока за развој

Овие резултати се потврда за јасната насока на работење – конкретни проекти, системски решенија и одговорен однос кон граѓаните. Општина Аеродром продолжува со засилена динамика, поставени темели и силна определба започнатите промени да продолжат со уште посилно темпо и нови конкретни резултати во наредниот период, порача Митески.

Митески: Аеродром по 100 дена – конкретни проекти, видливи резултати и јасна насока за развој

Во првите 100 дена од новиот мандат, Општина Аеродром реализираше значајни капитални проекти, воведе системски реформи и постави стабилни темели за поуредено, пофункционално и поквалитетно секојдневие на граѓаните. Периодот беше обележан со одговорно управување, јасна визија и мерливи резултати, објави градоначалникот Дејан Митески.

-Фокусот беше ставен на образованието, инфраструктурата, екологијата, социјалната поддршка и транспарентното работење, со цел – модерна, функционална и одговорна општина што работи во интерес на граѓаните. Една од најважните одлуки беше усвојувањето на најголемиот буџет во историјата на Општината, со што се отвори нова фаза на инвестиции и реализација на проекти што долго време биле неопходни, посочи тој.

Митески ги информира граѓаните дека во изминатиот период реализирани се следните активности и мерки:

-Пуштено во употреба основното училиште „Блаже Конески“;
-Реновирани тоалети во детската градинка „Срничка“ – објект „Калинка“;
-Обезбедени 8000 денари финансиска поддршка за новороденче;
-Објавен јавен повик за локална демократија;
-Хортикултурно уредени повеќе паркови и зелени површини;
-Отстранети диво-поставени објекти и уредени нови парковски простори со современа урбана опрема;
-Исчистени диви депонии и подигнато нивото на јавна хигиена;
-Изградено ново кошаркарско игралиште во ООУ „Гоце Делчев“;
-Започнат пилот-проект за селекција на отпад во домаќинствата;
-Набавено ново електрично возило за проектот за селекција на отпад;
-Општина Аеродром позиционирана на европската мапа на културата – Скопје 2028;
-Во тек е изградба на нов паркинг кај градинката „Црвенкапа“;
-Отворена нова сензорна соба во ООУ „Љубен Лапе“;
-Отпочната постапка за изградба на 10 нови калистеник-зони во Аеродром;
-Изградена нова фотоволтаична централа во ООУ „Лазо Ангеловски“;
-Воведена мерката „НУЛА КОМУНАЛИИ – ПРВ ДОМ ЗА МЛАДИ“;
-Изградено ново детско игралиште кај поликлиника „Јане Сандански“.

To top