Ракомет

Вардар поразен од Бенфика на стартот од Европската Лига

Вардар поразен од Бенфика на стартот од Европската Лига

Ракометарите на Вардар го загубија првиот натпревар од групата во главната фаза од Лига Европа, откако вечерва загубија на гостувањето кај Бенфика во Лисабон со 40:35 (24:16).

Една од причините за поразот тренерот Иван Чупиќ треба да ја бара во тоа што негоавта екипа направи десет технички грешки повеќе од противникот (22:12).

„Црвено-црните“ имаа добар почеток на дуелот и до 10.минута беа во водство последен пат 8:7, а претходно имаа и три гола предност (7:4).

Но, од тој момент до крајот на првиот дел Бенфика буквално „мелеше на теренот“ и со серија од 16-6 стигна до највисоките 23:14.

Во  второто полувреме предноста на домашниот тим најчесто беше меѓу пет и седум голови, а Вардар успеа да намали и на четири негатива (38:34).

Најефикасен на дуелот беше Дмитро Хорига од Вардар со 9 голови, додека кај Бенфика најмногу голови – 7 постигна Микита Ваилупау.

Во следното коло Вардар го пречекува Мелсунген на 24 февруари во Скопје, а во сабота му гостува на Алкалоид во дербто на Супре лигата.

To top