На традиционалните „Февруарски состаноци”, на кои седници одржуваат повеќе комитети на ПС на НАТО, во Брисел, Кралството Белгија, учествува Делегацијата од Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на НАТО.
Состаноците се предвидени за учество само за постојаните делегации од националните парламенти на земјите членки на НАТО, со главна цел за продлабочување на дијалогот во НАТО институциите, размена на искуства и анализирање на актуелните безбедносни предизвици и јакнење на солидарната сојузничка одбрана.
Од Собранието на Република Македонија учествува Делегацијата во ПС на НАТО, во состав од пратениците: Драган Ковачки, шеф на делегацијата, членката Славјанка Петровска и заменик-членот Илир Хасани.
На состанокот со Северноатлантскиот совет, со кој заеднички претседава претседателот на Парламентарното собрание на НАТО, Маркос Перестрело и заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, учествуваа шефовите на националните парламентарни делегации.
Во обраќањата и дискусиите беше истакнато дека НАТО, соочен со безбедносни предизвици, останува камен-темелник и гарант на колективната одбрана и заедничките демократски вредности, а посветеноста на земјите членки содржана во Договорот од Вашингтон и понатаму ќе ги чува граѓаните безбедни. Обврските од Самитот на НАТО во Хаг се историски во контекст на јакнењето на Алијансата, а сега, во предвечерјето на Самитот на НАТО во Анкара, тие треба да се финализираат со највисока стапка на реализација. Беше подвлечено дека и покрај разликите низ децениите, Европа и Северна Америка успеваат да најдат заеднички јазик за отворените прашања. Парламентарците се согласија да продолжат со поддршката за Украина и да работат заедно на мировен договор со цврсти гаранции и спречување на идни деструктивни дејствија.
За време на состаноците во комитетите, беа дискутирани прашања поврзани со: одбраната и безбедноста на секој метар од евроатлантскиот простор; за руските и кинеските предизвици по евроатлантската безбедност; за хибридните закани и НАТО во контекст на стратешко планирање; за НАТО партнерствата како витален и важен дел од политиката на Алијансата; за визиите кон НАТО 2035, како и за напорите на ЕУ и НАТО во развој на одбранбената индустрија и безбедносните капацитети и улогата на парламентот во процесите на одлучување. Се разговараше и за состојбата со безбедносните ризици во Европа, стратешките приоритети на Алијансата и важноста на колективната одбрана во контекст на новите глобални предизвици.
Парламентарците имаа можност да се вклучат во директна дебата со повеќе истакнати и реномирани говорници, а им се обратија и белгискиот министер за одбрана и надоврешна трговија, Тео Франкен, заменик-генералниот секретар на НАТО, Џејмс Апатураи и заменик- шефот на НАТО претставништвото во Украина, Петер Хауге Берг. вредности, а посветеноста на земјите членки содржана во Договорот од Вашингтон и понатаму ќе ги чува граѓаните безбедни. Обврските од Самитот на НАТО во Хаг се историски во контекст на јакнењето на Алијансата, а сега, во предвечерјето на Самитот на НАТО во Анкара, тие треба да се финализираат со највисока стапка на реализација. Беше подвлечено дека и покрај разликите низ децениите, Европа и Северна Америка успеваат да најдат заеднички јазик за отворените прашања. Парламентарците се согласија да продолжат со поддршката за Украина и да работат заедно на мировен договор со цврсти гаранции и спречување на идни деструктивни дејствија.
Учеството на Делегацијата на овој настан претставуваше значајна активност во зајакнувањето на парламентарната дипломатија и поддршката за реформските чекори во глобалните динамични процеси, кои се од суштинско значење за нашата земја како членка на НАТО.
(Заедничките состаноци на НАТО и ПС НАТО редовно се одржуваат според класифицирани безбедносни критериуми и Chatham house rules, при што не се дозволува поголема елаборација на содржината во јавната медиумска сфера).