Свет

Осум држави ја осудија израелската регистрација на земјиштето во Западен Брег

Осум држави во заедничка изјава ја осудија одлуката на Израел да регистрира државно земјиште во Западен Брег, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Турција

Осум држави ја осудија израелската регистрација на земјиштето во Западен Брег

Осум држави во заедничка изјава ја осудија одлуката на Израел да регистрира државно земјиште во Западен Брег, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Турција.

– Мерките на Израел, кои вклучуваат заострување на контролата врз територијата и олеснување на купувањето земјиште за доселеници, де факто претставуваат анексија – се наведува во заедничката изјава на министрите за надворешни работи на Турција, Египет, Саудиска Арабија, Катар и Обединети Арапски Емирати.

Тие посочуваат дека тоа „опасно ќе ги ескалира тензиите и ќе го дестабилизира регионот“ и оти претставува „флагрантно кршење на меѓународното право“.

Министрите упатија апел до меѓународната заедница да преземе „јасни и одлучни чекори“ за да се спречи понатамошно кршење на правата и поттикнување на конфликт во Западен Брег.

Со одлуката на Израел да почне процес на регулација на земјиштето во Западен Брег односно „решавање на прашањето за сопственост над земјиштето“, што беше замрзнато од војната во 1967 година.

Најнови вести од Свет

To top