Македонија

Комеморација за актерката Ленче Делова в четврток во Драмски театар

Комеморација за актерката Ленче Делова в четврток во Драмски театар

Драмски театар Скопје информира дека комеморацијата за актерката Ленче Делова ќе се одржи на 19 февруари (четврток) во 10 часот во Драмски.

-Семејството, роднините, колегите, пријателите и почитувачите достоинствено со збор, сеќавење, фотографија и снимка ќе се потсетат на кариерата на македонската театарска, филмска и телевизиска актерка Ленче Делова, велат од театарот.

Во 1970 година, се вработила во Драмски театар Скопје каде била професионално ангажирана сѐ до нејзиното пензионирање во 2013 година.

Ленче Делова почина на 15 февруари на 77 годишна возраст.

Најнови вести од Македонија

To top