Хроника нема траги на насилство

ТРАГЕДИЈА: Бебе старо пет недели донесено починато во тетовската болница

По наредба на јавен обвинител, телото е дадено за обдукција и се работи на целосно расчистување на случајот.

ТРАГЕДИЈА: Бебе старо пет недели донесено починато во тетовската болница

На 15.02.2026 во 11:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека во Ургентен центар Тетово е донесено бебе без знаци на живот.

-Веднаш било постапено и е констатирано дека се работи за пет неделно бебе на И.А.(37) од Тетово. Увид на местото извршиле екипа од СВР Тетово и лекар од судска медицина, при што не се пронајдени траги на насилство, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

По наредба на јавен обвинител, телото е дадено за обдукција и се работи на целосно расчистување на случајот.

To top