Седумдесет и пет годишниот У.Д. од струшкото село Ливада го загуби животот утрово во 06:30 часот на магистралниот пат Подмоље- Струга.
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски информира дека товарно возило „ман“,управуван од А.А.(52) од Република Албанија, удрило во пешакот У.Д.(75) од струшкото село Ливада кој, од здобиените повреди починал на местото на несреќата.
Лекар од Итна медицинска помош Струга констатирал смрт, а увид извршила увидна екипа на ОВР Струга.
-Претходно, во 06:05 часот е пријавено дека У.Д. се оддалечил од домот на негов роднина во струшкото село Мислешево и дека имал здравствени проблеми, вели Димоски.
Полицијата презема мерки за расветлување на настанот.