Македонија минатата реколта имаше берба од над 120 милиони килорами

Трипуновски: Вистинските лозари ја поздравија реформата за поткревање на површините од 0,5 хектари

Тој потсети дека минатата реколта имаше берба од над 120 милиони килорами, целта е да се субвенционираат вистинските лозари кои што ќе допринесат да се зголеми производството на грозје, со што ќе има повеќе македонско вино за извоз, а со тоа се зголемува и девизниот прилив во државата.

На денешниот брифинг за медиуми, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски истакна дека вистинските лозари од Тиквешкиот регион ја поздравуваат реформата за потревање на површините.
„Во новата Програма е предвидена минимална површина од 0,5 хектари за да се оствари правото на финансиска поддршка“, појасни министерот.
Тој потсети дека минатата реколта имаше берба од над 120 милиони килорами, целта е да се субвенционираат вистинските лозари кои што ќе допринесат да се зголеми производството на грозје, со што ќе има повеќе македонско вино за извоз, а со тоа се зголемува и девизниот прилив во државата.

Најнови вести од Македонија

To top