Центарот за социјални работи во Тетово алармираше за несекојдневен случај на можно фалсификување исправи, откако жена која според официјалните евиденции е почината пред две децении, се појавила во институцијата со новороденче.
Случајот започнал кога Управата за водење матични книги известила дека на 8 декември 2025 година во Тетовската клиничка болница е родено женско дете од мајка А.С. (27). Меѓутоа, при проверката во службените регистри, вработените останале затечени – мајката со тие податоци се водела како почината уште на 21 октомври 2006 година.
Откако биле испратени официјални покани, вчера лицето А.С. лично се појавило во Центарот заедно со бебето и уште едно машко лице, но со себе не носеле никаков документ за идентификација.
СВР Тетово веќе работи на случајот за да утврди дали станува збор за кражба на идентитет или софистициран фалсификат на документи.