Македонија

РКЕ се огласи по оставката на Бислимоски

РКЕ се огласи по оставката на Бислимоски

Регулаторната комисија на енергетика информира дека Марко Бислимоски, претседател на РКЕ денес го извести Собранието на Македонија дека поднесува оставка од функцијата претседател на РКЕ.

-Согласно Законот за енергетика и Статутот на РКЕ, се додека не се донесе одлука за престанок на функцијата претседател на РКЕ, Бислимоски ќе ја извршува функцијата. РКЕ ќе продолжи да функционира и да ги извршува надлежностите и обврските кои ги има согласно Законот за енергетика.

Вработените и членовите во РКЕ јавно му се заблагодаруваат на долгогодишната соработка на претседателот Марко Бислимоски, се вели во соопшението од РКЕ.

Најнови вести од Македонија

To top