Македонија СЈО им ја сработи црната работа на тогашната власт

Стефаноски за работата на поранешното СЈО: Јавниот обвинител да дејствува по допрен глас и веднаш да се расчистат сите дејаниа кои на некој начин ја распаднаа државата

Јавниот обвинител да дејствува по допрен глас и веднаш да се расчистат сите дејаниа кои на некој начин беа буквално да ја распаднат државата, истакна во своето гостување во емисијата „За или против“ безбедносниот експерт и аналитичар Милан Стефаноски во однос на делувањето и работењето на поранешното специјално обвинителство (СЈО) со кое раководеше Кацица Јанева, која што поради рекет заврши и зад решетки.

Стефаноски за работата на поранешното СЈО:  Јавниот обвинител да дејствува по допрен глас и веднаш да се расчистат сите дејаниа кои на некој начин ја распаднаа државата

Јавниот обвинител да дејствува по допрен глас и веднаш да се расчистат сите дејаниа кои на некој начин беа буквално да ја распаднат државата, истакна во своето гостување во емисијата „За или против“ на новинарот Љупчо Цветановски, безбедносниот експерт и аналитичар Милан Стефаноски во однос на делувањето и работењето на поранешното специјално обвинителство (СЈО) со кое раководеше Кацица Јанева, која што поради рекет заврши и зад решетки.

-СЈО им ја сработи црната работа, ловеа вештерки. Ги притискаа луѓето со лажни изјави, монтирани процеси и генерално тој модел кој се компромитираше, она што испадна со аферата рекет, буквално го врзаа за Јавното обвинителество, бидејќи таму тоа им беше потребно за да можат да продолжат со криминалот, изјави Стефаноски.

СЈО имаа сосема одврзани раце да решаваат за човечки судбини без никаков правен доказ, ЈО да дејствува по допрен глас, Смета Стефаноски.

-Она што најмногу иритира е буквално, они имаа одврзани раце и можеа да решаваат за човечките судбини, без никаков правен доказ, без никаков правен елемент и сега тоа излегува на површина. Ние и должиме на државата и на сите луѓе кои, можеби некој се разболе, некој почина и тн, ние и го должиме на правниот поредок на меѓународната заедница и на сите фамилии кои настрадале од овој монструозен проект наречен СЈО, врзан со СДСМ и со ЈО. До таму ошла забеганоста на таа власт, да биде подизведувач на криминални структури кои денеска е многу тешко, но е за поздравување размонтирањето на целиот овој процес и тоа се случува паралелно. Сега се откриваат криминалните дејаниа и сега доаѓа време да си се плаќа цехот и конечно да профункционира правната држава, без правна држава нема силна држава, без силна држава нема економија. Јавниот обвинител да дејствува по допрен глас и веднаш да се расчистат сите дејаниа кои на некој начин беа буквално да ја распаднат државата до таа мера да ние влеговме во една депресија и да тогаш државата не функционираше, народот беше во комплетна апатија, вели Стефаноски.

Најнови вести од Македонија

To top