Македонија Град скопје

Средба на Ѓорѓиевски со амбасадорката Озлем Канел

Средба на Ѓорѓиевски со амбасадорката Озлем Канел

Денес Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски оствари значајна, работна средба со амбасадорката на Кралството Холандија, Н.Е. Озлем Канел, која претставува уште еден чекор кон јакнење на традиционално добрите и пријателски односи меѓу институциите.

На средбата беа разменети ставови и идеи за продлабочување на соработката преку заеднички проекти, со фокус на образованието, културата, локалниот економски развој и креативните индустрии.

Беше нагласена важноста на партнерскиот пристап, иновативните решенија и долгорочната визија, како основа за одржливи политики и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, при што беше изразена подготвеност за реализација на нови заеднички иницијативи од заемен интерес.

Најнови вести од Македонија

To top