Меѓународните лидери испратија пораки на сочувство и солидарност до Канада по смртоносната пукотница во средното училиште во градот Тамблер Риџ, во која загинаа најмалку 10 лица, а десетици беа повредени.
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција „стои со канадскиот народ“.
„Терор го погоди училиштето во Тамблер Риџ, Канада. Нашите мисли се со семејствата на жртвите, повредените и целата образовна заедница“, рече Макрон во објава на социјалната мрежа Икс.
Австралискиот премиер Ентони Албанезе изјави дека е „шокиран“ и „тажен“ од веста за нападот.
„Моето искрено сочувство до сите Канаѓани погодени од овој ужасен настан“, рече тој.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека е „длабоко потресен“ од пукотницата.
„Нашите мисли се со луѓето од Тамблер Риџ додека тие тагуваат по своите семејства, пријатели и најблиски. Им посакувам на повредените брзо закрепнување“, рече Мерц.
Во средното училиште во градот Тамблер Риџ, Британска Колумбија, се случи пукотница во која се убиени десет лица, вклучувајќи го и напаѓачот, додека најмалку 25 лица се повредени.
Граѓаните на Тамблер Риџ напаѓачот го идентификуваа како 18-годишно трансродово лице и поранешен ученик во тоа училиште, Џеси Стренг.
Полицијата објави дека вооруженото лице е пронајдено мртво на самото место, со самонанесени повреди, објави порталот „Вестерн Стандард“.
Според локалните жители кои разговараа со медиумите, Стренг наводно ги убил својата мајка и помладиот брат, кои биле добро познати во заедницата, пред да пристигне во училиштето.