Македонија 6 ОДЗЕМЕНИ АВТОМОБИЛИ И 1 МОТОЦИКЛ

ДВАЈЦА МАЛОЛЕТНИЦИ: Седум возачи лишени од слобода поради управување возило без дозвола

Вчера се лишени од слобода седум возачи поради управување возило без возачка дозвола, од кои двајца се малолетници

ДВАЈЦА МАЛОЛЕТНИЦИ: Седум возачи лишени од слобода поради управување возило без дозвола

Вчера се приведени седум возачи поради управување возило без возачка дозвола, од кои двајца се малолетници.

-Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода седум возачи затоа што управувале возило без да поседуваат возачка дозвола. Од нив двајца во Скопје и по еден во Гевгелија, Богданци, Гостивар, Тетово и Битола.

Возачот во Гостивар е малолетник, како и еден од возачите во Скопје, кој управувал мотоцикл. Лицата се приведени во полициска станица, а по насоки на јавен обвинител возилата се одземени и по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, се вели во соопштението од МВР.

Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол за заеднички придонес за побезбеден сообраќај. =

Најнови вести од Македонија

To top