Свет Колумбија

Колумбискиот претседател Петро предупреди на заговор за атентат против него

Колумбискиот претседател Густаво Петро вчера предупреди на нови заговори за атентат против него, само неколку месеци пред претседателските избори во земјата.

Колумбискиот претседател Петро предупреди на заговор за атентат против него

Колумбискиот претседател Густаво Петро вчера предупреди на нови заговори за атентат против него, само неколку месеци пред претседателските избори во земјата.

Петро, говорејќи за време на состанок со своите министри кој се пренесуваше во живо, опиша специфични инциденти што се случиле за време на неговите патувања.

Тој рече дека во понеделникот навечер хеликоптерот со кој патувал не можел да слета бидејќи врз леталото „ќе се пукало“.

– Не ги ни запалија светлата таму каде што требаше да слетам, рече тој и додаде дека наместо тоа, хеликоптерот со часови летал над отворено море.

Петро, кој е на функцијата од 2022 година, и во минатото во повеќе наврати зборуваше за наводни планови за напад врз него.

Бразилскиот претседател ги даде изјавите по привременото, сомнително исчезнување на домородната сенаторка Аида Килкуе, која е политички блиска до него. Тој зборуваше за нова фаза на политичка неизвесност.

– Ова ме става во состојба на тревога, нагласи Петро.

Според нејзините соработници, Килкуе била пресретната од непознати лица во југозападниот административен округ Каука. Подоцна, градоначалникот на општината потврди дека сенаторката е пронајдена жива. Регионот е еден од најопасните во земјата, со силно присуство на илегални вооружени групи.

Претседателските избори во Бразил се закажани за крајот на мај.

To top