Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски информира дека Општината започнала со уредување на влезот од гробиштата и сервисната улица за пристап
-Грижа за секој дел од Ѓорче Петров, без исклучок. Затоа што достоинството, безбедноста и функционалноста започнуваат од основните инфраструктурни точки. Паралелно, се спроведува темелно чистење на каналската мрежа со што системски ги решаваме проблемите со излевање долж улиците Радушка и Арсени Јовков. Ова е планирана, одговорна и континуирана грижа за просторот и за луѓето, вели Стојкоски.
Посочи дека работат на терен, решаваат конкретни проблеми и градат функционално и уредено Ѓорче Петров.