Конор Бредли и Џовани Леони се потешко повредени, а Џереми Фримпонг исто така се мачи да фати континуитет и во моментов е надвор од строј.
Тука се и ситните повреди кои ги оддалечуваат играчите од терен по еден или два натпревари.
Договореното засилување за лето, Жереми Жаке, по сè изгледа доживеал потешка повреда откако го дислоцирал рамото на натпреварот против Ланс, кој неговиот тим го загуби со 3:1.
Тој го напушти теренот во 69. минута во болки, а според зборовите на тренерот на клубот од Бретања, постои сомнеж за посериозна повреда.
Ваквите пехови можат да го оддалечат играчот од теренот и до три месеци.