Зоран Заев на социјални мрежи бара јавно извинување од ВМРО-ДПМНЕ, демантира дека е нарко-бос и луто најави дека ќе ги тужи сите за инсинуациите дека тој е главен или вмешан во мега-заплената на канабис во Македонија.
По најголемата анти-нарко акција во државата, при која се запленија над 40 тони марихуана, се јави и човекот кој, сакал да признае или не, додека беше на власт со законите кои овозможија плантажи и одгледување „медицински канабис“ директно го овозможи и овој мега-криминал, нус-појава на која сите во државата алармираа дека ќе се случи. И се случи.
Навредениот Заев, со ифрит ФБ статус, веројатно од Дубаи или можеби некаде од белиот свет каде немаме договор за екстрадиција (не кажува од каде пишува), се брани дека немал врска со криминалот. Не чуствува морална вина, ниту се извини што го овозможи ова. Чист е како солза.
Утрово, поранешниот „премиер“ Зоран Заев преку статус на Фејсбук порача дека по пет години молк, сега да ти бил подготвен да одговори со тужба против пратеникот Бране Петрушевски и партијата ВМРО-ДПМНЕ, доколку не се извинат за, како што вели, за наводните континуирани лаги, навреди и клевети изнесени на негова сметка.
„Безобразна лага е дека сум на кој било начин поврзан со случаите со канабис што беа презентирани пред јавноста.“, нагласи невиниот Заев, потенцирајќи дека јавно бара извинување од пратеникот Петрушевски и од ВМРО-ДПМНЕ.
Интересно, симултано и во исто време против истиот Бране Петрушевски удри со објава и Димитар Апасиев од Левица?! Не, не дека се координирал со Заев и СДС, таман работа.
Туку, граѓаните се во дилема, од каде ли пишува целосно невиниот Заев?
„Зоки, во Македонија ли си, или „штракаш“ од Дубаи?
Онака, за другарче прашуваме…“ се вели во еден ФБ статус…
Му предложуваат, за да докаже дека е навистина невин, јавно на прес-коференција, не на ФБ да го каже истото. Во Македонија, не во Дубаи…