На 07.02.2026 во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје.
Малолетникот, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувалница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18).
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.